Ѓорѓиевски доби поддршка од Меџити и Бакиу за вториот круг во Скопје

Кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, денеска објави дека остварил средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу.

„Подадена рака! Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити и со кандидатот за градоначалник на Скопје од Коалицијата ВРЕДИ, Башким Бакиу,“ напиша Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека од нив добил „искрена и силна поддршка за вториот круг во Скопје“, која, како што нагласи, му дава дополнителна енергија и мотив да продолжи напред.

„Благодарам на сите кои ја препознавте визијата, дадовте доверба и избравте иднина за Скопје,“ порача Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека заедно ќе го направат главниот град „повторно горд, модерен, достоинствен и отворен за сите што живеат во него.“

„Скопје го правиме заедно. По скопски! Победата ќе биде историска!“, заврши кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во својата објава.