Почеток на новата учебна година со посета во Кисела Вода
По повод почеток на новата учебна година, премиерот Христијан Мицкоски и министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе го посетат основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Кисела Вода.
Планирано е премиерот Мицкоски по посетата да даде изјава за медиумите.
245 илјади ученици запишани во 2025/2026
Министерството за образование и наука објави дека во учебната 2025/2026 година наставата ќе ја следат вкупно 245 илјади ученици во основните и средните училишта.
Во основните училишта се запишани 177.800 ученици, а меѓу нив има 17.250 првачиња.
Средното образование ќе го следат 67.200 ученици, според податоците на Министерството за образование и наука.