Под влијание на циклонска активност, времето утре во земјава ќе биде облачно и постудено со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе продолжат во текот на ноќта и ќе се задржат до саботно претпладне.

Локално се очекува количина над 30 л/м², а во некои предели ќе има услови за пообилни врнежи. Во Скопје попладне и за време на ноќта ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а врнежите во котлината ќе бидат со умерен до повремен засилен интензитет.

Според УХМР, од недела температурите ќе започнат постепено да растат, па дневните ќе се движат од 18 до 27 степени, со сончеви периоди и променливо облачно време.