На 77 години почина доајенот на македонскиот театар, актерот Мето Јовановски. Веста за смртта на Јовановски ја потврдија од Драмски театар за „Република“.
Јовановски беше роден во 1946 година во с. Панчарево, Пехчевско. Во 1971 година завршил Театарска академија во Софија, Бугарија и истата година се вработил во Драмскиот театар во Скопје. Неговата глумечка кариера започнала на сцената на Народниот театар во Штип, каде настапувал уште пред да се запише на студиите. Оттогаш, за многу кратко време, Јовановски се истакнал како еден од водечките драмски уметници во Македонија. Работеше и како професор по актерска игра на Универзитетот за аудиовизуелни метности во Скопје
Јовановски имаше исклучителна улога во театарскиот живот во Македонија, а негова последна престава во Драмски театар беше „My name is Goran Stefanovski“. Играше во над 60-тина филмски и телевизиски наслови: „Најдолгиот пат“, „Македонскиот дел од пеколот“, „Црвениот коњ“, „Пред дождот“, „Тетовирање“, „Време води“, „Пресуда“, „Оловната бригада“.
Јовановски е добитник на највисоките државни награди „Свети Климент Охридски“, „11 Октомври“ и „13 Ноември“.