На 83-годишна возраст почина американскиот актер Џејмс Кан, ѕвезда на филмовите „Кум“ и „Мизери“, соопштија денеска неговите роднини и неговиот менаџер.
-Со голема тага ве известуваме дека Џими почина вечерта на 6 јули. Семејството го цени изливот на љубов и искреното сочувство и бара да продолжите да ја почитувате неговата приватност во овој тежок период, се вели во објавата на Твитер.
Кан беше роден во Њујорк во 1940 година. Во 1972 година го играше Сони Корлеоне во култниот филм „Кум“ на Френсис Форд Копола. Оваа година се навршуваат 50 години од првото прикажување на тој филм.
Друга од неговите големи улоги беше во филмот „Мизерија“ (Misery) адаптиран од книгата на Стивен Кинг, каде што играше писател кој е затворен од полудена жена која ја игра актерката Кети Бејтс.Беше номниран за Оскар и за Златен Глобус.