Почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски.

Веста на социјалните мрежи ја сподели познатиот музичар Панчо.

– Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир.

Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски – напиша тој на нивната заедничка фотографија.

По трагедијата се огласи и Зоран Паљо Лазаревски, кој со тага ја соопшти веста.

„Многу жално прерано замина Спортист татко другар. Никој незаслужва да замини пред време секој треба да доживее длабока старост Вечен мир Мирко“ – напиша тој.