На 81-годишна возраст почина Невенка Митревска, доајенот на македонското новинарство која го помина работниот век во „Нова Македонија“. Таа остана запаметена во журналистичката историја на Македонија како прва жена која стана дел од надворешно-политичките аналитичари.
Беше дописник на „Нова Македонија“ од Атина, а продуцираше анализи за настаните во регионот и светот во 1970-тите и 1980-тите години на минатиот век.
Митревска беше на челото на првата македонска новинска агенција „Макпрес“.
По пензионирањето Митревска се повлече, живеејќи во близина на Скопје.
Погребот на Невенка Митревска ќе биде в петок, 17 март, во 11 часот на гробиштата „Бутел“.