Од Клиничката болница во Штип, каде беше пренесен по речиси петчасовната спасувачка акција, потврдија дека сточарот починал изутрината во седум часот.
– Пацинетот беше неколку дена во коматозна состојба, без можност за хируршка интервенција, изјави Марина Шуманска, портпарол на Клиничката болница во Штип.
Спасувањето и пренесувањето на сточарот од кратовското село Емирица, беше раскажано од докторот Павле Зафиров, кој искажа револт за немањето одговор од ниту една институција.
Тој беше однесен до Здравствениот дом во Пробиштип, а од таму веднаш бил пренесен во штипската болница. Од тогаш, човекот беше во коматозна состојба. Пред да дојде медицинската екипа, поминал 12 часа паднат на снег, на отворено, додека неговата 90-годишна мајка се обидувала да го загрее.
Јавноста беше згрозена од немањето одговор на институциите, по што вчера на прес конференција директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, најави дека ќе формира комисија да го испита случајот.