Акцијата се спроведува непосредно откако ВМРО-ДПМНЕ ги објави информациите дека МВР издало македонски државјанства на мафијаши и нарко-босови поврзани со Шкаљарскиот клан, кој е еден од најголемите и најозлогласени кланови во Европа.

По повеќе од година дена истрага и документирање на дејствувањето на криминалната група, како што велат од МВР, полицијата во координација со Канцеларијата за истраги на американската амбасада и Интерпол спроведува голема акција која уште трае.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ излезе со соопштение во кое наведе дека премиерот Зоран Заев и министерот за внатешни работи Оливер Спасовски овозможиле балкански нарко – босови да се стекнат со македонски пасоши и документи. Според опозициската партија полициската апаратура издала патни исправи со лажен идентитет во таканаречената афера „Мафија“ за водачот на озлогласениот Шкаљарски клан за трговија со дрога, Јован Вукотиќ и водачот на турската мафија Седат Пекер.