Познатиот српски композитор Корнелије Ковач почина денеска на 81-годишна возраст во Белград.
Легендарниот музичар бил позитивен на коронавирус и бил сместен во ковид болницата во Батајница, јавуваат медиумите во Србија.
Корнелије Ковач беше српски композитор, пијанист, аранжер. Роден е во Ниш во 1942 година, а својата прва композиција „Пусти тротоари“ Ковач ја компонирал веќе на 14-годишна возраст – во 1956 година.
Ковач станал член на „Индекси“ во 1966 година.
Во септември 1968 година, Корнелие се преселил во Белград, каде што ја основал групата „Корни“, која во 1974 година ја претставувала СФР Југославија на Изборот за песна на Евровизија.
Пишувал музика за театар, филмови и телевизија.
Освен театар, филмови и телевизија, Корнелие Ковач ги напиша и некои од најголемите хитови на локални музички ѕвезди како што е Здравко Чолиќ („Април во Белград“, „Живиш у облаците“, „ Звао сам Емили“, „Једна зима со Кристином“, „Јединствена“) , „Генерација 5“ ( „Ти само буди довољно далеко“), Лепа Брена („Јанош“, „Сањам“, „Ситније Циле, ситније“), Слаѓана Милошевиќ, Неда Украден, Златко Пејаковиќ, Маја Оџаклиевска, Даниела Панчетовиќ и многу, многу други.
Тој е татко на три ќерки – Александра, Кристина и Ања и синот што го доби во вториот брак по смртта на првата сопруга Споменка.