Тој настапувал за Ипсвич, Арсенал, Портсмут, а блескавата кариера ја завршил во Америка.

Маринер настапувал и за репрезентацијата на Англија за која има одиграно 35 натпревари и постигнато 13 голови. Настапи и на Светското првенство во 1982 година кое се одржа во Шпанија.