Огнениот бран, кој беше создаден со спојување на два пожара од различни насоки, сега е насочен кон областа северо-источно од шумскиот регион на Сиера Невада и не губи по интензитет, јавија локалните медиуми.

Во овој дел на Америка во текот на целиот викенд се очекуваат високи температури, а целиот регион е во зона на висок воздушен притисок.

Во Националниот парк Долина на смртта во Калифорнија вчера беше регистрирана неверојатна температура од 54,4 степени Целзиусови, а познато е дека највисоката досега потврдена температура на воздухот на Земјата била 56,6 степени Целзиусови и била измерена во 1913 година во пустинската област Ферненс Крик.

Во Калифорнија издадени се наредби за евакуација или предупредувања за стотици населени места и неколку кампови, како и наредба за затворање на повеќе од 518 квадратни километри од националниот парк Плумас.

Жешкиот воздух формира огромен облак пирокумулус, кој се издига во висина од стотици метри и создава сопствени молњи, потврди синоќа претставничката на локалните власти, Лиза Кок.

Скоро илјада пожарникари добија помош од воздух, но се очекува пламените да продолжат да се шират поради топлината и ниската влажност.

„Воздухот е толку сув што дел од водата што ја испуштаа канадерите испари дури и пред да стигне до земјата“, рече Лиса Кок.