Легендарниот англиски фудбалер, Боби Чарлтон, почина на 86-годишна возраст, објавија англиските медиуми.

Во текот на својата професионална кариера Сер Боби Чарлтон со Манчестер јунајтед трипати беше шампион на Англија, еднаш го освои ФА купот, а беше и европски првак во сезоната 1967/1968.

Многумина го сметаат како најдобар англиски фудбалер на сите времиња, а во 1966 година ја освои и „Златната топка“.

Со репрезентацијата на Англија ја освои светската титула во 1966 година, на Мундијалот кој се одржа токму во неговата земја трипати се запиша во листата на стрелците.