Маринко Колнаго, легендарен басист и еден од основачите на популарниот југословенски бенд „Нови фосили“, почина на 83-годишна возраст по кратко и тешко боледување.

Со голема тага, членовите на бендот објавија дека нивниот драги Маринко ги напуштил. „Неизмерно ќе ни недостига. Маринко, ти си засекогаш во нашите срца“, стои во емотивната порака објавена од групата.

Маринко, роден во 1942 година, потекнувал од креативно семејство. Неговата мајка Зора била балерина и кореографка од Санкт Петербург, а таткото Феранте Колнаго, Италијанец од Сплит, бил успешен фудбалер и југословенски репрезентативец. Семејството на Колнаго често се преселувало, а по војната живеело во Задар.

Маринко со својата мајка се преселил во Вараждин по разводот на родителите. Неговата љубов кон музиката се развила уште од млад, а првиот бенд го формирал на 15 години. Музиката станала негов животен пат, а тој преку неа остави незаборавен траг во историјата на југословенската рок сцена.

Бендот „Нови фосили“ се повлекува од сцената по пет децении, а како што се вели во последната објава, „Не звучи убаво кога велиш ова е збогум“.

Извор: Курир