Во текот на вчерашниот ден во Скопје загина еден од најдобрите македонски кикбоксери, Милан Кубин.
Долгогодишниот македонски репрезентативец во кикбокс и член на КК Гладијатор од Скопје, во својата кариера е освојувач на повеќе признанија и медали на домашни и интернационални натпревари, меѓу кои и сребрениот медал од Европското првенство во Лутраки, Грција пред осум години.
Пред пет години се вклучи, максимално успешно, со серија победи и во ММА спортот.
Беше прогласен и за Спортист на Град Скопје во 2016 година.
Пријателите и блиските се простуваат од Милан Кубин. Се огласија од навивачката група „Фемили Аеродром“.
Почивај во мир Милан, хиено аеродромска. Аеродром нема да те заборави, напишаа од навивачката група.
Нивната објава може да ја погледнете во продолжение:
View this post on Instagram
Ваквата вест ги вознемири жителите на главниот град. Другарите од неговата општина, Аеродром преку објави на социјалните мрежи се простуваат од еден од најдобрите македонски кикбоксери. Пред само една година почина и уште еден кикбоксер, Марко Тодоров.