Сторителот на пожар кај Петровец е овчар од Тетово. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 49-годишен жител на Тетово за кого постои основано сомнение дека во Скопје сторил кривично дело – Предизвикување општа опасност согласно член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„На 11 март, во атарот на селото Катланово каде што бил ангажиран како овчар, осомничениот, иако знаел дека постои реален ризик да се предизвика опасност, запалил оган кој се проширил од ветрот што довело до опожарување на површина од 4,7 хектари од кои еден дел била дабова шума и ниска вегетација. Со пожарот била причинета штета проценета на околу 196.000 денари. Надлежниот јавен обвинител од судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје побара да бидат определени мерки на претпазливост – обврска осомничениот повремено да се јавува во Судот и забрана за преземање на определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело“, се вели во соопштението.

Видеото може да го погледенте во продолжение:

Таму гореше два дена по ред. Граѓаните од главниот град се пожалија дека миризбата од овој пожар кај Петровец создаде „црн облак над Скопје“. Според извори на МКД.мк гори меѓу селата Таор и Ржаничино. Овој пожар избил попладнево на територијата на Општина Петровец. Се крева голем црн чад. Гори сува трева на неколку локации.

Противпожарни единици на Скопје беа на терен.