Од 2008 година е заменик главен одговорен уредник на телевизијата АЛСАТ, каде што даде извонреден придонес во процесот на организирање и водење на работата во информативната програма на телевизијата. Во текот на работата се истакнуваше по големата професионална посветеност и колегијалност. Новинарската кариера на Исуф Кадриу започна во 1998 година во телевизијата ЕРА, а од 1999 година во Програмата на албански јазик на Македонската телевизија, каде работеше како уредник на вести до 2008 година, вклучително и чувствителниот период на конфликтот во 2001 година, каде со посветеност, не штедејќи ништо од професионален аспект придонесе за правично и објективно информирање за случувањата на терен, а честопати и самиот беше во улога на воен известувач од фронотот.
Паралелно со неговите ангажмани во медиумите во земјава, од 2001 година Кадриу е постојан дописник на Радио Слободна Европа од Скопје, од каде известува за политички, економски, културни случувања и настани од Скопје и земјава.