Почина Тихомир Јанчовски, еден од најплодните писатели во современата македонска историја.

Тажната вест на неговиот фејсбук профил ја соопшти некој од најблиските.

– Нема веќе заеднички слики од славата. Нема веќе ништо, не напушти. Тихо го нема. Си отиде. Јас немам сила да пишувам повеќе. Знам колку сте многу што го сакавте. Ќе споделиме како ќе се простиме понатаму. – стои во објавата.

Јанчовски е роден во 1967 во Скопје. Дипломирал општа и компаративна книжевност на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, 1991 година. Специјализирал во Будимпешта, на катедрата за Средновековни студии на Централно Европскиот Универзитет. Магистрирал современа историја на УКИМ, 2010. Се занимава со поезија, превод, медиевистика.

Досега објавил над триесет книги, главно поезија, преводи, романи и една книга историја. Има правено и претстави. Во 2024 со Бранислав Николов го создава поетскиот перформанс „Волкот на љубовта“. Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија, присутен е во голем број антологии, а има и четири целосно преведени книги на други јазици.