Почина Марјан Додовски, поранешен министер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, поради компликации од коронавирус.

Марјан Додовски имаше богата политичка и професинална кариера, а ќе го паметиме по монументалниот проект за спас на Дојранското Езеро.

Додовски во својата кариера беше:

-Пратеник во Собранието на Република Македонија 2006-2008 година
-Претседател на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
-Раководител на секторот за заштита на животната средина и природата во Град Скопје. 2005- 2006 година
-Член на Советот на Град Скопје. 2005 година
-Министер за животна средина и просторно планирање и заменик министер за животна средина и просторно планирње. Влада на РМ-1998-2002 година

Во неговата биографија може да се најдат и следниве ангажмани:

-Реализација на Проектот за Спас на Дојранското Езеро
-Професор по географија во О.У. “Крсте П. Мисирков”- Скопје1996-1997 година
-Генерален секретар на Движењето на екологистите на Македонија-ДЕМ, 1997-1998 година
-Секретар на Движењето на екологистите на Македонија-ДЕМ, 1995 – 1997 година
-Член на претседателството на Еколошко Друштво “Опстанок” – Скопје, 1994 година
-Колумнист во дневни, неделни и месечни весници;
-Аматерски активности во ликовната уметност- правец интарзија.
-Автор на книгата „Дојранско Езеро – Од агонија до живот“