Поранешниот претседател на Ангола, Хозе Едуардо дос Сантос, почина денеска во шпанска болница.Владата на Ангола соопшти дека дос Сантос починал на 79-годишна возраст во Барселона, по долго боледување.

Неговиот наследник и актуелен претседател Жоао Лоренцо прогласи петдневна жалост.

Дос Сантос беше претседател речиси 40 години, а по повлекувањето од функцијата живееше во Барселона, каде што почина, пишува Ројтерс.

Тој го презеде претседателството четири години откако Ангола ја прогласи својата независност од Португалија.