Западнонилската треска ја зеде осмата жртва. Почина 70-годишник од скопско Драчево кој се лекувал на Клиниката за инфективни болести, потврди за Телевизија 24 министерот за здравство Сашо Клековски.

Пациентот бил во критична состојба и имал неколку коморбидитети.

Досега сите починати во земјава од западнонилска треска се возрасни мажи кои имале придружни болести.

Последната официјална бројка на заболени од вирусот годинава беше 55 лица.