Финансиерот и член на банкарското семејство Ротшилд, лорд Џејкоб Ротшилд, почина на 87-годишна возраст, соопшти неговото семејство.
Ротшилд ја започна својата кариера во семејната банка, NM Rothschild & Sons, во 1963 година, пред да ја основа со Марк Вајнберг во 1980 година, тогашната „J Rothschild Assurance Group“, сега „St James’s Place“, објави Индипендент.
Тој, исто така, го основаше Windmill Hill Asset Management, кој управува со филантропското портфолио на семејството.
Во текот на својата кариера ја извршуваше и функцијата заменик претседател на тогашната телевизија „БСкиБ“, а беше и претседател на Управниот одбор на Националната галерија.