Холандскиот новинар Питер Р. де Врис, 64, почина во болница во вторникот, седум дена откако беше застрелан на улица во Амстердам. Според локалните медиуми, Врис починал во присуство на неговото семејство, пренесе Блиц.
Ние сме исклучително горди на него, а во исто време сме неутешни – се наведува во соопштението на неговите роднини.
Врис, кој пишуваше за криминал, беше застрелан на улица во Амстердам. Тој беше пренесен во болница со сериозни повреди.
Де Врис, кој ги пишуваше за активностите на домашното подземје, ја освои меѓународната награда „Еми“ во 2008 година за истражување на исчезнувањето на тинејџерката Натали Холовеј во Аруба во 2005 година.