Почина Кирил Темков, доајен на Институтот за филозофија и еден од најистакнатите македонски професори по филозофија, етика и естетика. Тој почина денеска во Скопје на 82-годишна возраст.
Темков беше професор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и важеше за врвен интелектуалец со меѓународно реноме. Зад себе остави обемен научен и публицистички опус, составен од бројни книги, учебници и научни трудови од областа на филозофијата, етиката, менаџерството, уметноста, естетиката и џез музиката.
Тој беше силен поборник за воведување на предметот Етика во образовниот систем, а наставата по Етика во основните и средните училишта во земјава се изведува токму според неговите учебници.
Покрај авторската работа, Темков преведе на македонски јазик дела од врвни светски филозофи и автори, а своето знаење го пренесуваше и надвор од Македонија, каде што предаваше на повеќе универзитети.
Кирил Темков е роден во 1943 година во Кавадарци, во занаетчиско семејство. Образованието го стекнуваше во Белград и Скопје, каде што дипломираше во 1968 година, а докторираше филозофија во 1982 година на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Во текот на својата академска кариера беше асистент, предавач, вонреден и редовен професор по Етика, Естетика, Филозофија на менаџерството, Филозофија на политиката, Еколошка етика, Биоетика, Менаџерска етика, Педагошка етика и Филозофија на образованието при Институтот за филозофија
