Македонската радиосцена се збогува со бардот на радиото

Утринава, сабота, на 20 декември 2025 година, по кратко боледување, на 75-годишна возраст почина македонската радиоводителска легенда Драган Б. Костиќ. Веста за неговата смрт ја потврдија членовите на семејството.

Педесет години посветени на музиката и радиото

Својата кариера ја започнал во Македонското радио во 70-тите години и стана препознатлив како водител на емисиите „Радио урнебес“, „Диско селектор“ и „Заборави ако можеш“, а подоцна и на „Кавервил“, „Чартфајл“ и „Б.“. Тој го реализираше и проектот „Сто приказни за сто песни“, чија приказна никогаш не беше целосно раскажана, затоа што оние што требаше најмногу да ја слушнат, останаа намерно „глувионеми“ или едноставно не беа свесни за значењето на истиот.

Драган Б. Костиќ остана еден од најголемите познавачи на светската музика, историјата на бендовите и пејачите, нивните песни и светските топ листи. Тој беше сопственик на една од најголемите колекции плочи во Македонија и целиот свој живот го посвети на музиката и радиото. На крајот од 2024-та година го одржа својот „Последен танц“ – прошталниот ДЈ-ски настап по половина век естрадна кариера.

Последни јавни настапи и интеракција со публиката

На првата кривина зад аголот, во оваа 2025-та година, Костиќ беше гостин на поткастот со Антонио Димитриевски, каде ја раскажа својата најважна приказна, споделувајќи со радиослушателите, читателите и публиката на клубските подиуми што сè доживеал и создавал. Дури и по пензионирањето, тој продолжи да ја негувa својата љубов кон музиката и радиото, оставајќи неизбришлив белег врз македонската медиумска сцена.