Американскиот рок-ветеран Дејвид Крозби почина на 81-годишна возраст. Причината за смртта сѐ уште не е соопштена. Неговата сопруга ја потврди веста за американските медиуми.
„Дејвид почина по долго боледување, опкружен со своето семејство. Неговото наследство ќе живее преку неговата музика“, се вели во соопштението.
Рок-пејачот, гитарист и текстописец беше дел од составите „Брдс и Крозби“ и „Стилс и Неш“. Кариерата ја започна 1964 година, како член на „Брдс“, позната по преработката на хитот на Боб Дилан – „Tambourine Man“. Крозби двапати беше примен во Куќата на славните на рокенролот.