Вработен во Затвор Идризово вчера во 7.17 часот во СВР Скопје пријавил дека осуденикот Џ.И.(63) од Тетово починал во комплекс клиники „Мајка Тереза”, каде од 29 октомври годинава бил на болничко лекување, информира Министерството за внатрешни работи.
По наредба на Јавен обвинител телото е предадено во Институтот за судска медицина-Скопје.