Утрово почина македонскиот естраден новинар Зоран Василевски познат како Зоки Фаци. Тој не успеа да ја победи долгата битка со ракот. Неколку години се бореше со туморот којшто му беше дијагностициран во 2022 година. Се оперираше неколкупати, беше и во Турција, но сепак не успеа да се врати.

Ракот се метастазирал на коските, па оттука целата ситуација се искомплицирала. Веста за неговата смрт ја објави неговиот пријател и соработник Стефан Лазаров кој соопшти дека погребот ќе се одржи во текот на утрешниот ден.