На владината седница е донесена одлука да се придружат и експерти од странство за независна и темелна истрага и сите наоди јавно ќе бидат презентирани.
Во ковид центарот имало 26 пациенти, медицинскиот персонал бил составен од двајца лекари и четири и медицински сестри. Нема повредени и починати медицински работници.
„Починатите се на возраст од 29 до 79 години и ќе се прават анализаи на днк за утврдување на идентитетот. – рече Филипче.
Во однос на модуларните болници, Филипче рече дека се запазени сите стандарди. Истрагата ќе утврди дали по предавање на објектот за користење, тој бил одржуван. Квалитетот на модуларните болници имал сертификат од производителот, а процесот на инсталација е со А тест и под надзвор на акредитирана компанија. По завршување на сите постапки, модуларниот центар се предава на болницата за користење и одржување.