– На 31.03.2021 околу 10.20 часот во Полициската станица Петровец било пријавено дека било пронајдено починато лице во еден од базените во Катлановска бања, информираа од МВР.
Извршен е увид на местото, а екипа на Итна медициска помош констатирала смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.