Со изградбата на мрежата во должина од 1,1 километар, одговорните од претпријатието очекуваат да се обезбедат услови и да се овозможи приклучок кон мрежата на станарите од станбените единици и индивидуалните куќи во ова пошироко централно градско подрачје.
-Започнуваме со изградба на нова дистрибутивна гасоводна мрежа на улица „Моша Пијаде“ и тоа на потег од „Piano Prestige“ до клучката со булеварот „Октомвриска револуција“ во должина од 1,1 километар. Создаваме технички услови за приклучување на колективни станбени згради и индивидуални куќи за домување коишто гравитираат на наведената локација, изјави директорот на ЈП „Куманово-Гас“, Никола Денковски.
Јавното претпријатие „Куманово-Гас“, неодамна изврши и пробно пуштање на гас во Кумановската болница. Овој проект е клучен за претпријатието и за општината, бидејќи со приклучокот на болницата кон гасот, се очекува да се намали аерозагадувањето во Куманово во зимскиот период.
Надлежните од ЈП „Куманово-Гас“ Куманово најавија дека се ќе продолжи со интензивно ширење на дистрибутивната гасоводна мрежа во градот.