Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупниот промет во индустријата во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 30,4 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 23,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,9 отсто, додека опаѓање има кај Капитални производи за 18,7 отсто.

Прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година е зголемен за 11,4 отсто, во однос на септември годинава е намален за 4,1 отсто, а во првите 10 месеци од годинава е повисок за 6,8 отсто во споредба со истиот период од минатата година.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 21,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,9 отсто, додека опаѓање има кај Капитални производи за 3,9 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,4 отсто.

Прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година е намален за 1,4 отсто, во споредба со септември годинава е намален за 0,2 отсто, додека во прите 10 месеци од годинава е поголем за 18,5 отсто во споредба со истиот период од ланската година.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на странските пазари во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 34,3 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 50,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,2 отсто, додека опаѓање има кај Капитални производи за 19,2 отсто.