Тошко Јорданов, заменик претседател на „Има таков народ“, партијата која освои најмногу гласови на предвремените парламентарни избори од 11 јули, на отворањето коментираше дека следните 14 дена ќе бидат клучни за судбината на новиот парламент и дали потоа Бугарија ќе добие нова влада.

Даниела Атанасова од втората политичка партија во парламентот, ГЕРБ, ја критикуваше привремената влада за неуспехот да се вакцинира бугарскиот народ. ГЕРБ нема да поддржува влада што ќе работи со „пловечки мнозинства“, бидејќи тоа нема да доведе до стабилно управување.

Претседателот на Бугарската социјалистичка партија, Корнелија Нинова, рече дека земјата се соочува со четири предизвици. Првиот е слабиот од одзив на изборите, вториот е потребата од дијалог за надминување на поделбата во општеството, третиот е формирање стабилна влада и рече дека БСП е подготвена да го исполни мандатот доколку го добие од претседателот на Бугарија и четвртиот предизвик е да се укине моделот на владеење на Борисов.

Почетокот на работата на новоизбраниот парламент се случи во присуство на верски лидери, поранешни бугарски претседатели, членови на судството и странски амбасадори акредитирани во Софија.