Градоначланикот на општина Илинден, Александар Георгиевски, информира дека на Курсот, доброволните пожарникари преку теоретска и практична работа ќе се стекнат со основни знаења за противпожарната заштита и укажување прва помош во услови на пожар.

По завршување на курсот ќе се спроведе завршен испит по пат на тестирање со што учесниците ќе се стекнат со Диплома за завршен курс за доброволен пожарникар.