Неговиот адвокат по рочиштето, кое е затворено за јавноста, кажа дека Стаменковски не бил виновен и очекува тој да биде ослободен бидејќи немало кривична одговорност во тоа што го пишувал на порталот.

-Нашите очекувања се дека на крај ќе успееме да добиеме ослободителна пресуда, бидејќи ова обвинение значи враќање на вербалниот деликт на мала врата. Без разлика на она што го пишувал Марјан или дали тоа на некому му се допаѓа или не, тука разговараме за кривична одговорност, односно дали има или нема, сметаме дека такво нема.- Коста Нојков – Адвокат

На рочиштето сведочеа оштетените, меѓу кои двете новинарки од Валентина Вурмо и Ирена Мулачка. Но што се беше изнесено пред судот на рочиштето остана непознато за јавноста.

-Судењето за овој предмет се одвива зад затаворени врати. Ова доаѓа откако судот по барање на обвинителството на претходното прво рочиште одлучи јавноста да биде исклучена се до објавувањето на пресудата, затоа што во процесот се изнесуваат детали од приватниот живот на оштетените и нивните семејства.

На следното рочиште кое е закажно за во вторник, постапката ќе продолжи со изведување на докази. Стаменковски се товари за уцена, ширење на ксенофобичен и расистички материјал по пат на компјутерски систем, пиратерија на аудиовизуелно дело и злоупотреба на личните податоци.