Достапни се вкупно 370 бесплатни вакцини и 650 комерцијални.
-Како и секоја година во овој период од годината во нашиот центар се реализира вакцинацијата на граѓаните против сезонски грип. Добивме најпрво 250 вакцини од кои 200 бесплатни за лица од старосната група над 65 години и лица со хронични болести, а 50 комерцијални, за сите што сакаат да се имунизираат, по што од Центарот за јавно здравје Куманово добивме дотур од дополнителни 170 бесплатни вакцини, така што сите граѓани веќе од вчера имаат достапна ваква услуга, изјави доктор Елена Крстевска Ивановска, одговорна во Подрачната единица на Хигиено-епидемиолошка служба при Центарот за јавно здравје Крива Паланка.
Во текот на вчерашниот ден веќе е реализирана вакцинација на 63 граѓани со бесплатна вакцина и осум со комерцијална.
Закажување за вакцинација се врши преку „Мој термин“ од страна на матичните лекари или на веб страницата vakcinacija.mk .