Владата во петокот достави пет предлога закони во Собранието, кои се неопходни за реализација на договорот со Бехтел и Енка за изградба на коридорите 8 и 10д.
Од нив, еден предлог е измената на законот за работното време, кој претходно се соочи со блокада од опозицијата.
Предлогот на Владата, кој го поднесе министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, предвидува зголемување на часовната работна недела со цел изградбата на автопатите да оди согласно планот.
Се очекува предлозите денеска да бидат разгледувани од пратениците.