Лидерите на западната воена алијанса денеска се состануваат во Вашингтон. Годишниот самит на НАТО, кој ќе трае до 11 јули, се совпаѓа со 75-годишнината од неговото основање и се одржува додека трае војната во Украина.
Три главни теми на НАТО Самитот
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека Самитот ќе се фокусира на три главни теми.
Првата е да се зајакне одбраната. Од руската анексија на Крим во 2014 година, главен приоритет на НАТО беше да ја зајакне својата одбрана за да избегне војна. Оваа агенда се промени пред две години, откако Русија започна целосна инвазија на Украина.
Друга тема на Самитот ќе биде поддршката за напорите на Украина да се одбрани од руска инвазија.
Третата тема на Самитот ќе биде зајакнувањето на глобалното партнерство на НАТО. Сојузниците на НАТО сè повеќе сфаќаат дека предизвиците со кои се соочуваат се испреплетени со другите региони.
Македонска делегација
На Самитот учество зема и македонска државна делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Во составот на делегацијата се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Инвестиции во Македонија
Мицкоски најави нова, трета по ред странска инвестиција во Македонија. Американски „Вабтек“ ќе вложи 35 милиони евра за производство на сопирачки за шински возила. Ќе бидат вработени 100 лица.
Продолжува инвестицискиот бум во Македонија: Американски Вабтек ќе инвестира 35 милиони евра
Премиерот Мицкоски во Вашингтон имаше и предавање на престижниот универзитет „Џон Хопкинс“.