На 22 декември започнува зимата, но и сезоната на владеење на Јарецот. Ова е период на посветеност на остварување на нашите цели, преземање одговорност, но и големи успеси.

Што ги очекува хороскопските знаци?

Овен

Сонцето ќе престојува во вашата десетта куќа на репутација и јавен имиџ, помагајќи ви да го победите притисокот и да се чувствувате добро во центарот на вниманието. Но, на моменти, ќе ви биде тешко другите луѓе да ги слушнете другите луѓе што имаат да ви кажат. За време на сезоната на ретроградниот Меркур, патувањата би можеле да бидат нарушени, па затоа бидете внимателни со своите планови за време на овој период. Сезоната на Јарците ќе ви донесе можност да утврдите кои се вашите амбиции и како сакате да ги остварите.

Бик

Дали ќе бидете дома за празниците? Сонцето престојува во вашата куќа на домот и семејството, па затоа вашиот фокус ќе биде на зближување со нив и поминување квалитетно време со семејството. Ретроградниот Меркур би можел да направи проблеми во вашите долгови, па затоа важно е да не должите, ниту пак позајмувате никому. На крајот на годината, Јуптитер ќе се стационира директно во вашиот знак, а кога ќе ја имате планетата на среќата на своја страна, сè е возможно. Поставете нови цели за време на младата Месечина на 11 јануари.

Близнаци

Мислите се тие коишто се важат. Веројатно се чувствувате како вашите финансии да не се на право место, бидејќи Јарецот ќе ја погоди вашата осма куќа на финансии. Внимавајте на трошоците и не трошете премногу во овој период. За време на ретроградниот Меркур, можно е враќање на некоја личност од минатото во вашиот живот. Но, размислете добро пред да се вратите на старата врска. Младата месечина е во Рак на почетокот на јануари, а тоа ќе ги осветли вашите емоционални потреби и ќе ви донесе потреба за зближување со друга личност.

Рак

Со кого сакате да ги поминете празниците? Вашите љубовни односи се на прво место за време на сезоната на владеење на празниците. Освен тоа и ретроградниот Меркур е во вашата седма куќа на партнерства. Можно е да добиете неочекувани вести, или пак некаков увид на овој поле. За некои Ракови, можна е промена во нивните празнични планови и потреба да се направат промени во последен момент.

Лав

Притисокот е на вас, драги Лавови. Не можете да бидете секаде во исто време. Сезоната на Јарците ја осветлува вашата шеста куќа на работа. Ако сакате да бидете успешни во овој период, важно е да поставите граници за себеси. Бидете отворени и искрени за тоа со што можете да се справите во овој период, особено кога е активен ретроградниот Меркур. Ако ги минувате празниците со своите сакани, секогаш потрудете се да ја кажувате вистината, но не и да бидете брутално искрени. Нема потреба за тоа.

Девица

Ако нешто не ви носи радост, тогаш тоа не заслужува да биде дел од вашиот живот. Ќе морате да го откриете она што ви носи радост за време на сезоната на Јарците, која ја осветлува вашата петта куќа на романса, креативност и задоволство. Меркур кој е ретрограден ќе ви донесе добар увид во некои работи, што потоа ќе ви биде појасно во новата година. Овој период ве охрабрува и да најдете ново хоби или пак да се посветите на некој свој интерес.

Вага

Домот е онаму кадешто е срцето. Сезоната на владеење на Јарецот ја осветлува вашата четврта куќа на домот. Вие ќе рефлектирате во однос на тоа што значи семејството за вас, но ќе дојдете и до големи одговори како се сменил вашиот однос кон семејството во текот на оваа година. Со полната Месечина во Јарец бидете поттикнати да размислите колку многу сте поттикнале. Искористете го остатокот од сезоната на Јарците за да ги поставите основите на успехот.

Скорпија

Бидете внимателни во однос на она што го кажувате. Сонцето е во вашиот сектор на комуникација, но истовремено, Меркур има голем ефект на вас, па затоа иако треба да сте искрени и иако ќе почувствувате напредок на полето на комуникацијата, не треба да потпаднете под искушението да кажете нешто што не го мислите и да ги повредите другите. Добро е да покажете малку повеќе емпатија за време на овој период. Кога Марс ќе премине во Јарец ќе бидете искрени и подиректни во преговорите, што може да ви донесе големи успеси.

Стрелец

Доаѓа крај на вашата сезона, а сега е време за нови приоритети. Сонцето е во вашата втора куќа на финансии, што за вас е важен момент да поставите нови цели во однос на вашиот буџет. Поминете време и разговарате со саканите на оваа тема, но и на останатите практични теми кои ви се важни. Ќе добиете важна можност да остварите една голема финансиска цел за време на полната Месечина во Рак на 26 декември.

Јарец

Знаете кои сте. Најдете го лидерот во себе, бидејќи Сонцето ќе ја осветли првата куќа на вашата личност. Ова е период кога треба да блеснете. Но, ак на моменти, не се чувствувате така, тоа се должи на влијанието на ретроградниот Меркур. Ова е период кога ќе добиете многу комплименти за својот изглед и однесување, па затоа слушнете ги другите добро особено кога ќе се соочите со намалена самодоверба.

Полната Месечина во Рак на 26 декември ве поттикнува да размислувате за својот професионален и љубовен статус, а ова е одличен период за вас бидејќи околу тој датум, Јупитер почнува да се движи директно во Бик.

Водолија

Верувајте му на сопствениот суд. Слушнете го својот внатрешен глас кога Сонцето во Јарец ќе ја осветли вашата дванаесетта куќа на потсвеста. Но, ова може да е полесно да се каже отколку да се направи бидејќи Меркур е ретрограден во Јарец. Заборавете на претераното размислување и анализата и потпрете се на оние кои ви се најблиски.

Риби

Никогаш не е доцна да ги следите своите соништа. Подготвени сте за тоа, бидејќи сезоната на Јарците ќе ја осветли вашата единаесетта куќа на соништа и заедница. Ова е одлично време да размислите кои се вашите соништа, но и како другите луѓе ви помагаат во процесот на нивното исполнување. Потпрете се на пријателите и бидете тука едни за други за да ги примените своите соништа во праксата.