Општина Тетово ги известува сите граѓани и туристи што сакаат да ја посетат Попова Шапка дека од овој викенд ќе почне со работа редовната линија за јавен превоз во правец Тетово – Попова Шапка – Тетово.

„Оваа линија ќе биде во функција секоја сабота и недела. Патниците ќе се превезуваат со автобуси на Јавното претпријатие „Тетово транспорт“ од Тетово, со што граѓаните ќе може полесно да патуваат до овој туристички центар.

Оваа линија очигледно ќе влијае не само на зголемување на бројот на туристи туку и на олеснување на сообраќајот кон овој патен правец“, соопшти Општина Тетово.