Најтопло утрово е во Гевгелија, а најстудено е на Попова Шапка, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи до 8:30 часот.
Регистрирани биле 0 Целзиусови степени на Попова Шапка, 2 – Маврови Анови, Лазарополе, 3 – Крушево, 5 – Охрид, 6 – Берово, Претор, Крива Паланка, Прилеп, Виница, Куманово, 8 – Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Струмица, Штип, 9 – Скопје-Петровец, Кавадарци, Демир Капија, 10 – Велес, а 11 во Гевгелија.
Од УХМР најавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно, во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 14 Целзиусови степени.
