Христијан Мицкоски имаше обраќање на 34. Конференција на Унијата на млади сили на партијата. Тој посочи дека проектот ќе има директно влијание врз секој еден жител и драматично ќе ги подобри условите за живот.

– Сакам да се осврнам и на познатата стратегија на СДС да ги злоупотребува сите колективни или индивидуални несреќи и да создава политика од нив,
изјави Мицкоски.

Критики до СДСМ за злоупотреба на трагични настани во Кочани

Премиерот нагласи дека, како што рече, се врши свесна манипулација со јавноста преку случајот Кочани.

– Таму гледаме полека како едно граѓанско движење за поддршка на Кочани полека преминува во политичко движење, каде од поддршка на жртвите од Кочани ќе видете како говорат за катни гаражи, водоводи, канализации, исполнети неисполнети ветувања и сѐ така во духот на локалните избори,
изјави тој.

Владината поддршка и проект од историско значење за Кочани

Мицкоски потенцираше дека нема да дозволи трагедијата да се користи за дневна политика и најави конкретни мерки.

– А јас нема да дозволам на грбот на напатениот народ да прават политика и безобразно да ги злоупотребуваат судбините на цел еден град. За Кочани не се помага со прес конференции, туку со дела,
изјави тој.

Во продолжение, тој го најави идниот владин ангажман.

  • – Што се однесува до владината поддршка за Кочани таа ќе продолжи и воедно сакам да објавам дека интензивно работам на проект од историско значење за Кочани, и ќе помогне директно за животот на секој еден жител на Кочани. Со тоа што драматично ќе се подобрат условите за живот. Деталите за овој проект на кој интензивно работат очекувам да ги соопштам многу брзо откако ќе бидат финализирани сите детали,
    додаде Мицкоски.