Севиља и Бетис одиграа нерешено 1:1 во градското дерби, познато како „Ел гран дерби“, на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ во рамките на 13-то коло од шпанската Ла Лига.
Домашниот тим го отвори натпреварот со серија офанзивни шанси. Во 28-та минута Стасина упати силен удар кон противничкиот гол, но гостинскиот чувар на мрежата успешно интервенираше и го одбрани тој обид. Во второто полувреме, односно во 50-та минута од натпреварот, Антони испрати прецизен удар од работ на шеснаесетникот при што топката закачи еден од домашните дефанзивци и заврши во мрежата за водство на Бетис од 1:0. Непосредно по примениот гол, Варгас се обиде брзо да израмни на спротивната страна, но Ваљес повторно беше на висина на задачата.
Во продолжението од средбата Бетис се обиде да ја запечати победата, но домашниот голман со одлична реакција ја сочува својата мрежа и го задржа тимот во игра.
Фудбалерите на Севиља не се предадоа до самиот крај и во првата минута од судиското продолжение стигнаа до посакуваниот погодок за израмнување. Салас прими еден вратен пас на работ од шеснаесетникот и веднаш испрати силен волеј удар, по што топката му испадна од рацете на голманот Ваљес и влезе во голот за конечни 1:1.
