– Како дел од овој процес, од суштинско значење е да се вклучат и компании кои работат во софтверската индустрија како дел од дигиталната трансформација, при што ни помогнаа експерти на Атлантскиот совет во обид да продолжиме со дигиталната трансформација што е можно поскоро. Ги забрзуваме напорите за поголема стапка на раст, побрз економски развој, затоа што заостануваме зад развиените европски земји и мораме да направиме се што можеме за да им олесниме на нашите граѓани да напредуваат и да го подобриме животот на нашите граѓани, соопшти МИОА.
Министерството посочува дека за заложбата за подобра регионална интеграција и развој на регионалната платформа за интероперабилност е разговарано и на Отворениот балкански самит, одржан оваa недела, каде што дел е и нашата држава.
-На следниот состанок во декември, кој ќе се одржи во Тирана, со соседните земји ќе разговараме за модалитетите и имплементацијата на оваа платформа, од која директна корист ќе имаат нашите граѓани и бизниси, наведува МИОА.