Нови детали од близок член на семејството во врска со инцидентот во кој сега веќе едно лице почина, а две се борат за живот, откако изедоа домашна пита со праз, открива „Фокус“.
Причина за труењето е силен отров, метомил, познат помеѓу народот како ланате или ланата. Истрагата треба да покаже како завршил отровот во домашната пита со праз, што ја месела старата жена.
Фокус откри дека блиско лице на семејството станува збор за грешка со кобен исход.
-Станува збор за мајка, син и снаа. Мајката, односно бабичката, сега е во кома. На денот на настанот таа правела пита во летната кујна. Станува збор за жена во години. Веруваме дека се случило ненамерно да стави од отровот во храната, бидејќи истиот бил претурен во тегла. Истиот момент кога почнале да се гушат снаата и синот, бабичката доживува срцев удар. За среќа, јаделе во двор и ги виделе соседите сите легнати на земја, па пришле да ги спасат, вели извор.
Како што истакнал изворот, отворот го чувале против глувци.
Од полицијата информираат дека за случајот известен е јавен обинител, а од местото на настанот подигнати се доказни материјали за вештачење.
-На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени Ц.С.(79), Ѓ.С.(55) и Д.Ќ.(47), сите од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје. Лицата биле задржани за понатамошно лекување. Известен е јавен обвинител. Од местото на настанот подигнати се доказни материјали за вештачење и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.
Во текот на вчерашниот ден почина снаата, а нејзиното тело е дадено на обдукција. Бабата е хоспитализирана на КАРИЛ, додека синот е во стабилна состојба.