Јаделе домашно направена пита со праз, се затру цело семејство. Почина 47 годишна жена која заедно со својот сопруг и со бабата јаделе пита.

Жената починала денеска, а мажот и бабата се уште се во кома на КАРИЛ.

Роднини на семејството, за тв Алфа брифираат дека питата ја правела бабата со два вида брашно и со праз.

Од Токсикологија велат дека се работи за труење со „метомил пестицид“.

Најголемата дилема е како отровот завршил во јадењето.

Случајот бил пријавен во полиција пред неколку дена. Во вчерашниот МВР билтен се појави информацијата:

„На 17.10.2023 во 12.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, од Клиниката за токсикологија било пријавено дека на 15.10.2023 кај нив за укажување лекарска помош биле донесени три лица од Скопје, затруени од домашна храна која била направена во нивниот семеен дом во Скопје“.

Метомил е инсектицид – опасен по здравјето на луѓето, забранет за продажба во земјава.