Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против Љупчо Палевски Палчо за двојно убиството на 14-годишната Вања и пензионерот Жежовски.

Првоосомничениот Палевски се товари за грабнување и двојно убиство. Обвинителството побара спојување на двете покренати обвиненија против Палевски и претходно за 4 помагачи за истото кривично дело.

Побарано е продолжување на мерката притвор за првоосомничениот Палевски.