-Последните две недели, тетовчани и јавноста се загрижени околу плаќањата што ги врши Општина Тетово, а кои се објавени на веб-страницата на Министерството за финансии. Граѓаните пријавија случаи со имиња и презимиња каде што членови на семејството и пријателите на градоначалникот, како и членовите на семејството и роднините на раководството на Општината, добиле средства од Општината иако истите не извршуваат никаква функција во Општината, ангажирани се на други работни места, или живеат и работат во други држави, односно не се физички присутни во државата. Финансиската злоупотреба има име и презиме. Стотици илјади евра на тетовци се ограбени низ годините за да се платат членови на на семејството и пријателите на штета на градот. Ова злоупотреба не служи никому, освен групни и клански интереси, и им штети на обичните граѓани со заобиколување на нивните основни инвестициски потреби како што се: паркови и детски катчиња, машини за чистење на градот, патна инфраструктура, зеленило, плоштад, велат тие.
Независната листа „Подобро за Тетово“ бара од Народниот правпобранител и од истражните органи итно да реагираат, а врз основа на пријавите да покренат истражни постапки за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и оштетување на буџетот на Општина Тетово.
-Им благодариме на УСАИД и ИРИ за можноста да се соочиме со вистината за злоупотребата на нашите пари и давачки од неодговорното раководство на општината, велат тие.