Државната изборна комисија ги соопшти бројките. Излезноста до 11 часот е 12,78 отсто односно своето избирачко право го оствариле 229.473 гласачи.
За ова се огласи и познатиот инфлуенсер Никола Николовски познат како Боемот.
Неговата објава ја пренесуваме во продолжение:
Поголема излезност од претходните избори 👏
Ако се земе предвид дека во 2021 година до 11 часот излезноста била 10,22 проценти, а сега во 2024 е 12,78 проденти, тогаш ова е добар предзнак.
Уште еден добар индикатор, за нас Македонците е тоа што овие избори, досега најголема е излезноста по македонските општини.
Најголема е излезноста во Демир Капија – 24 отсто, а најмал во Студеничани – 3,82 отсто. Голема е излезноста и во Гевгелија и Ѓорче Петров. Најмала излезност, со помалку 5 отсто е во општините Арачиново, Врапчиште и Маврово Ростуша.
Според податоците кај мене во Аеродром излезноста исто така е висока, 16%. За споредба со претходните избори излезноста била 13% до 11 часот.
Уште еден повик за сите, излезете и гласајте. Потсетување, може да се гласа на избирачко место до 19 часот. 🗳️