Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на Обединетите нации, објави на социјалните мрежи премиерот Христијан Мицкоски.
-Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и иднината на меѓународната соработка.
Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси, порача Мицкоски.
